Второстепени крвни групи

објавено од: Маријан Бандев во: биолошки функции на крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 722

Околу 80% од населението имаат антигени на крвната група кои слободно се движат во телесните течности. Овие луѓе се нарекуваат секретори, затоа што ги секретираат антигените на крвната група, како плунката, слузот и спермата.

Околу 80% од населението имаат антигени на крвната група кои слободно се движат во телесните течности. Овие луѓе се нарекуваат секретори, затоа што ги секретираат антигените на крвната група, како плунката, слузот и спермата.

Останатите 20% од луѓето, кои не ги секретираат антигените на својата крвна група во останатите телесни течности, се нарекуваат не - секретори.

Дали дадена индивидуа е секретор или не - секретор нема врска со АБ0 крвните групи. Тоа се контролира од друг ген. Иследувањата на секретноста дали сте секретор или не, е исто толку лесно како определувањето на АБ0 крвните групи. Најкористен метод за определувањето на секреторниот статус е иследувањето на плунката за присутноста на АБХ антигенот. Ако има таков антиген значи индивидуата е секретор, а ако ја нема индивидуата е не - секретор . Друг начин за определувањето на АБХ секретниот статус е системот на Луис за определувањето на крвната група.

Во системот на Луис може да се произведуваат два антигена, наречени Луис а и Луис б (да не се мешаат со “А” и “Б” од системот АБ0).

Луѓето можат да припаѓаат на еден од овие три вида: Луис а+ б-, Луис а- б+ и Луис а- б-.

Веројатно се сеќавате на дискусијата за АБ0 антигените, дека секоја започнува со Х - антиген, но оние кои се А, Б и АБ крвна група имаат способност да произведуваат ензими, кои после тоа им дозволуваат да го преобразат Х - антигенот во А или Б. Но, индивидуите со крвна група 0 немаат таков ензим, а го имаат само Х - антигенот. Системот на Луис работи по истиот механизам. Во овој систем сите започнуваме со изработувањето на Луис а. Многу од нас имаат генетичка способност да произведуваат ензим, за конверзија на Луис а во Луис б антигени. Способноста за конверзија на Луис а во Луис б антигенот е генетички сврзан со способноста за секретирање на АБХ антигени. Затоа сите Луис а, се секретори, а, сите Луис б, се не - секретори. Системот на Луис се одбележува со а и б статус. Индивидуата која е не - секретор се означува како Луис а+ б-,а тие што се секретори се означени како а- б+. Мал број од индивидуите (6% од белото население и 16% од црното население) се генетички неспособни да произведуваат Луис а антиген.Овие индивидуи се се означени како

Луис а- б -. За овој мал процент од населението системот на Луис не може да се искористи за определувањето на секретниот статус.

Знаеме дека антигенот на крвната група е важен клуч за заштита на нашиот имунитет. Какви се последиците од неспособноста да бидат секретирани антигените на крвната група во телесните течности? Доста драматични, според значителен број научни иследувања.

Како целина не-секреторите се многу посклони кон имуни заболувања од секреторите, посебно кога се провоцирани од инфекции.

- Не-секреторите се посклони кон општи воспаленија во споредба со секреторите .

- Не-секреторите се посклони кон дијабетис од тип 1, како и кон дијабетис од тип 2.

- Не-секреторите со дијабетис од први тип имаат многу посериозни проблеми со габичката candida albicans, особено во истата и горниот дел на стомачно - цревниот тракт.

- Не-секреторите имаат повеќе проблеми со Helicobakter pulori - бактеријата која што се смета за причинител на повеќето стомачни инфекции, како што се диспепсија, улкус и гастритис.

- Кај не-секреторите постои поголем ризик да се повторат инфекциите на уринарниот тракт.

- Не-секреторите почесто боледуваат од срцеви заболувања во споредба со секреторите.

- Индивидуите кои се Луис а- б- тип (посебно мажите), имаат проблеми со метаболизмот, сврзани со здебелувањето како резултат на инсулинова резистентност.

Често АБ крвната група и секретниот статус се припокриваат и заемно го засилуваат ефектот. Познато е, дека жените со крвна група Б, почесто развиваат бубрежни инфекции од останатите крвни групи и меѓу 55% и 60% од не - секреторите развиваат бубрежни цикатрикси дури и по редовно лекување со антибиотици на инфекциите на уринарниот тракт.

Според тоа, жените кои се крвна група Б и се не - секретори се многу склони кон бубрежни инфекции, имаат повеќе цикатрикси на уринарниот тракт и кај нив медикаментозното лекување на инфекции е многу тешко. Поради овие разлики, препораките кои се во врска за крвните групи се различни за секреторте и не - секреторите, независно од АБ0 крвната група. 

коментари

оставете коментар