Вода

објавено од: Маријан Бандев во: диететика на: кометнар: 0 преглед: 376

Диетата која не вклучува доволно количество на вода е лоша диета. Таа не само што не е ефикасна, но и води до натрупување на штетните материи.

Диетата која не вклучува доволно количество на вода е лоша диета. Таа не само што не е ефикасна, но и води до натрупување на штетните материи. Очигледно е дека колку повеќе вода пиеме, толку повеќе уринираме и толку повеќе бубрезите имаат можност да ги исфрлат остатоците од преработената храна. Водата е најдобриот природен диуретик.

Да пробаме да ослабнуваме без да пиеме вода и без да ги исфрламе токсините, не е само опасно за организмот, туку и може да ги намали, па дури и да ја блокира загубата на тежината. Зошто е тоа така? Затоа што човечкиот мотор што консумира маснотии за време на диета, функционира како мотор со внатрешно горење - изгореното гориво одделува топлина и отпадоци. Ако овие отпадоци не се исфрлаат редовно од бубрезите, нивното натрупување ќе го прекрати горењето и од таму - губењето на тежината, дури и ако се придржувате кон диетата. Истото би се случило и со моторот на автомобилот, кога ауспухот би се запушил или со огнот во каминот, кој што не е исчистена пепелта. И двете ќе изгаснат задушени од отпадоци.

Комбинирањето на водата со чистите протеини има моќно дејство врз целулитот. Целулитот е масно ткиво, за кој се одговорни женските хормони и кој се натрупува на: бедрото, колковите и колената.

Водата треба да ја пиете за време на јадење! Испиената вода за време на јадењето, го зголемува обемот на примената храна, го раширува стомакот и предизвикува чувство на полност, кој е првиот знак на ситост. Идеалниот убиец на апетитот е водата.

Примањето на големи количини вода помага да се редуцираат телесните масти. Причината е следната: бубрезите имаат потреба од вода, за да ги одделат непотребните материи и токсини од телото. Кога бубрезите се лишени од вода, тие ја префрлуваат функцијата на црниот дроб, кој меѓу другите фукции го врши и разградувањето на складираните масти. Но ако црниот дроб ја превземе дополнителната функција на бубрезите, неговата способност за горење на масти ќе се намали, а заедно со тоа и процесот на ослабнување. Примањето на неопходната количина на вода го спречува задржувањето на течности. Ако вашето тело не прими доволно количество на вода, самото тело започнува да се снабдува со течности во рацете, стапалата а понекогаш целите нозе отекуваат, фигурата се деформира и се добиваат повеќе килограми.

Исклучително важно е да пиете вода за време на физичка активност и после тоа. Водата учествува во стимулацијата на мускулите и мускулната контракција.

коментари

оставете коментар