Употреба на лекови за време на бременост

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 4265

Лековите можат да го оштетат фетусот за цело време на бременост и тоа не само лекови кои се на режим на издавање на рецепт, туку и лекови кои можат да се купат во слободна продажба т.н ОТЦ препарати.

Лековите можат да го оштетат фетусот за цело време на бременост и тоа не само лекови кои се на режим на издавање на рецепт, туку и лекови кои можат да се купат во слободна продажба т.н ОТЦ препарати.

Во првиот триместар на бременоста лековите можат да дејствуваат тератогено и да предизвикаат конгенитални малформации кај плодот. Критечен период за настанување на овие промени при терапија со лекови се од 3-тата до 11-тата недела на бременоста, или од 5-тата до 13-тата недела од последната менстриација.

Во вториот и третиот триместар на бременоста лековите можат да го забават растот и развојот на фетусот или да бидат токсични за ткивата на фетусот.

При донесување на одлука за примена на лекови за време на бременост, треба да се почитуваат следните принципи:

  • Треба да се одбегнува примената на били кој лек во првите три месеца на бременоста.

  • Треба да се препишуваат лекови кои се докажано безбедни за време на бременост.

  • Треба да се одбегнуваат примена на нови лекови кај бремени жени.

  • Треба да се користат најмали дози кои се ефиаксни.

  • Времетраењето на терапијата треба да биде колку што е можно пократко.

Во однос на дозите кои треба да се применат, треба да се има предвид дека бремените жени имаат зголемен волумен на крвта и поради тоа зголемена работа на срцето и на бубрезите. Поради тоа кај бремените жени има зголемен клиренс на лековите преку бубрезите и дадената доза може да не биде доволна за постигнување на ефектот.

Одлука за примање на лек за време на бременост зависи и од стадиумот на бременоста во кој се наоѓа жената. На пример, по 24-тата недела на бременост антибиотиците од групата на тетрациклини остануваат во забите на плодот, или АКЕ инхибиторите кои се земаат за покачен крвен притисок можат да ги оштетат бубрезите на плодот во вториот и третиот триместар на бременоста.

Бројот на лекови за кои со сигурност се знае дека доведуваат до оштетување на фетусот и аномалии е мал. Многу е поголем бројот на лекови за кои врз основа на резултатите добиени во изпитувања кај животните се стравува дека може да доведат до оштетување на фетусот.

Администрацијата за храна и лекови во САД (FDA) ги калсифицира лековите во пет подгрупи:

A = лекови кои се безбедни за примена за време на бременост, дури и во првиот триместар, што е докажано во добро контролирани клинички студии изведени кај бремени жени. Во овие испитувања лековите не довеле до зголемен ризик од јавување аномалии кај фетусот.

В = лекови кој во студии изведени кај животни не покажале дека може да доведат до оштетување на фетусот, но добро контролираните клинични студии кај бремени жени покажале дека нема ризик за фетусот.

С = лекови кои во студии изведени кај животни покажале дека може да доведат до оштетување на фетусот, нема добро контролирано студии кај бремени жени.

D = добро контролирани клинички студии кај бремени жени покажале дека при употреба на овие лекови постои ризик за фетусот.

X = добро контролирани студии кај бремени жени покажале дека при употреба на овие лекови постијат докази за оштетување на фетусот.

Табела.

Лек

FDA - КАТЕГОРИЈА

A

B

C

D

X

Парацетамол

+

Алпразолам

 

+

Амоксицилин

+

 


Лек

FDA - КАТЕГОРИЈА

A

B

C

D

X

Амоксицилин + клавикулна киселина

+

Ампицилин

+

Аспирин во мали дози < 150mg

+

Аспирин во поголеми дози

+

Атенолол

+

Аторвастатин

+

Азитромицин

+

Кофеин

+

Цефалексин

+

Климдамицин

+

Диазепам

+

Фамотидин

+

Фолна киселина

+

Хепарин

+

Ибупрофен

+

Ибупрофен во трет триместар

+

Инсулин

+

Ланзопразол

+

Левофлоксацин

+

Лоразепам

+

Магнезиум

+

Метформин

+

Метилдопа

+

Метоклопрамид

+

Метронидазол

+

Монтелукаст

+


Лек

FDA - КАТЕГОРИЈА

A

B

C

D

X

Нитроглицерин

+

Нитрофурантоин

+

Нистатин

+

Пеницилин

+

Фенобарбитал

+

Прогестерон

+

Пропилтиоурацил

+

Ранитидин

+

Тироидни хормони

+

Золпидем

+

коментари

оставете коментар