Убоди и каснувања од инсекти

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 1173

КОМПЛИКАЦИИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД КАСНУВАЊА И УБОДИ

  • Убод од Hymenoptera (пчела, мравка,оса) може да предизвика анафалактична реакција.

  • Крлежите предизвикуваат борелиоза и енцефалитис.

  • Комарците ја шират маларијата, туларемијата и заболувањето од арбо-вируси (Alphavirus, Flavivirus и Bunyavirus) со потенцијално опасни последици (сериозен енцефалитис).

Диптера (Комарци и Муви)

  • Убодот од комарец предизвикува папула која брзо настанува и е слична на уртикарија речиси секогаш спонтано исчезнува, но може да резултира во долгорочна папула што чеша кај сензибилизирани лица.

  • Убодот од коњска мува често предизвикува голема натечена папула со водена точка во средината.

  • Црнита мува – Simuliide може да каса под облека. Многумина можат да имаат реакција преследена со папула која трае и неколку недели. Некои луѓе стануваат алергични на црни муви и може да имаат локална едемна реакција.

Hymenoptera

  • Овие инсекти предизвикуваат најопасни алергиски реакции.

  • Некогас алергиската реакција е смртоносна.

  • Убодот од пчела или бумбар веднаш предизвикуваат силна болка и оток на местот на убодот.

  • Сензибилизација на отровот на hymenoptera годишно дава многу анафилактични реакции.

Болви

  • Болвите што ги носат птиците и стаорците, исто така го касаат и луѓето. Болвите кај луѓето, кучињата и мачките се јавуваат многу ретко.

  • Најчесто симптомите се јавуваат напролет кога луѓето се надвор во природа.

  • Предизвикуваат цврста папула која силно чеша со знак од убод во средината, најчесто група од неколку убоди.

  • Често предизвикуваат папуларна уртикарија кај децата во летниот период.

ubodi_i_kasnuvanja_od_insek.jpg

Терапија на реакции предизвикани од убоди од инсекти

Убоди од Hymenoptera

  • Откако пчелата ќе боцне, боцката и отровот остануваат во кожата. Боцката се отстранува колку што е можно побргу. Откако пчелата ќе се отстрани од кожата, останува меурчето со отров кој продолжува да го впрскува отровот внатре со помош на мускулите на меурчето.

  • За убоди од hymenoptera добра прва помош е ладна компреса. Лицата кои биле боцнати неколу пати треба да се следат еден час во случај да развијат системски знаци.

Силни анафилактични реакции

  • Треба да избегнувате изложување и да носите постојано инекција адреналин. Ако ставите адреналинска инекција, треба да се земе 50мг. преднизалон.

  • Кога отекување предизвикано од убод не е лимитирано само на местото на убод, проследено со диспнеја или колапс, мора да се консултира со дерматолог или алерголог.

Може да се употреби терапија за десензибилизација, но тоа не ерутинско решение. Терапијата има свои ризици , не се знае колку долго ке трае може од 3 до 5 години и е скапа терапија.

Други убоди и каснатини

  • Антихистаминиците замени пред експозиција може да ги намали симптомите.

  • Посилните реакции бараат и стероиден третман неколку дена.

коментари

оставете коментар