Третман на покачена температура кај деца

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 1143

Третман на покачена температура кај деца

Причини за покачена температура

  • Инфективните болести се најчести причина за покачена температура кај децата на болничка нега

  • Други посебни причини за покачена температура се: инфламаторни болести на интестинум, зглобови и болести на сврзаното ткиво (колагенози), алегиски реакции, малигни тумори и хематолошки болести.

tratnam_na_pokacena_temperatura_kaj_deca

Насоки на симптоматски третман на покачена температура

  • Кога ја снижуваме телесната температура, нормотермија не треба да ни биде цел, цел може да биде т.н оптимална антипиреза.

  • Покачената телесна температура е редуцирана во границите каде што субјективните симптоми се ублажени, но ефектите на бенефит остануваат.

  • Ова во практика значи дека телесната температура опаднала за 1-1,5С , 1-2 часа по администрирањето на лекот.

tratnam_na_pokacena_temperatura_kaj_deca

Индикации за симптоматски третман на покачена телесна темпертура

  • Покачената температура е асоцирана со други симптоми, кои предизвикуваат значаен дискомфорт како: мускулни болки, главоболка, гадење, повраќање, болки, чувство на гадење и забележлив замор.

  • Ако покачената температура е висока над 39С мерена ректално.

  • Ако детето има предиспозиција за добивање фебрилни конвулзии ( пораст на температура е превениран со навремено администрирање на антипиретици. При рекурентни фебрилни конвулзии се користи и дијазепам, иако бенефитите од профилактичната примена се ставени под прашање).

  • Децата со сериозна примарна болест, како на пример, тешко срцево, белодробно или бубрежно заболување. Во овие случаи, покачената температура може да наштети.

Третман на покачена температура

Основен третман

  • Доволен внес на течности ( табела )

  • Лесна, вкусна храна

  • Избегнување на физички напор. Не е потребно апсолутно одмарање во кревет

  • Намалување на температурата во просторијата или намалување на облеката до степен на дискомфорт не е потребно, дури е и штетно


Потреби за внес на течности кај фибрилно дете


Тежина на детето (kg)

Течности ml/24h

5

500

10

1000

15

1250

20

1500

30

1750

40

1900

Медицински третман

  • Антипиретиците треба да се користат само кога е неопходно. Редовно користење треба да се избегне кај сите други деца освен кај оние кои се склони кон фибрилни конвулзии.

  • Парацетамолот е лек на прв избор.

    Единична доза е 10-15 мг/кг, која обезбедува пад на температурата од 1,5С за 1-2 часа од ингестија.

    Максималната дневна доза е 60мг/кг/24часа, потребната доза е 10мг/кг на 4 часа или 15мг/кг на 6 часа.

  • Други антипиретици погодни за деца се ибупрофен и напроксен, нивниот антипиретички е исто толку добар како и на парацетамолот, а ефектот трае подолго.

    Дозата на ибупрофен е 6-10мг/кг со максимална дневна доза од 40мг/кг.

    Дозата на напроксен е 5мг/кг, со максимална дневна доза од 15мг/кг.

  • Користење на ибупрофен и напроксен, наместо парацетамол, треба да се земе предвид само кога покачената температура е предизвиканаод:

    Болест што јасно има воспалителна компонента

    Болки кај детето асоцирани со инфективна болест, каде што ефектот на парацетамол е слаб

    Аспиринот, кој не треба да се користи како антипиретик на избор кај децата, бидејќи има повеќе несакани ефекти од парацетамолот. Несаканите ефекти вклучуваат: гастрична иритација и болка, гадење, тенденција за крварење и понекогаш алергиска реакција.

  • Предноста на парацетамолот во споредба со другите антипиретични медикаменти:

    Добро се толерира

    Има малку или нема несакани ефекти кога се зема во препорачани дози

    Не влијае врз крварењето и врз коагулациските фактори

    Ретко дава алергија

    Ефектите на намалување на температурата се докажани

коментари

оставете коментар