Резус фактор

објавено од: Маријан Бандев во: биолошки функции на крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 574

Од клиничка гледна точка системот резус факторот (рх) е втор систем по важност после АБ0 системот. Резус факторот е независен од АБ0 крвните групи.

Од клиничка гледна точка системот резус факторот (рх) е втор систем по важност после АБ0 системот. Резус факторот е независен од АБ0 крвните групи.

Резус факторот се одбележува како плус или минус после А, Б, АБ или 0.

Во текот на многу години за лекарите останало загатка зошто кај некои жени, кај кои првата бременост поминала нормално се појавуваат компликации во втората и следните бремености, кои често завршуваат со спонтан абортус па и со смрт на мајката. Во 1939 година д - р. Карол Ланд Штајнер открил, дека овие жени се со различна крвна група од своите бебиња, кои ја земале крвната група од таткото. Бебињата биле Рх+, што означува дека носеле Рх антиген во нивните крвните клетки. Мајките биле Рх- , што означува дека антигенот недостигал во нивната крв. За разлика од системот АБО каде антителата кон останатите крвни групи се создаваат од раѓање, луѓето со Рх- , не произведуваат тела за Рх антигенот, ако пред тоа не развиле чуствителност кон него. Ова настанува при размена на крв меѓу мајката и бебето за време на раѓање, така што имуниот систем на мајката нема време да реагира на првото дете. Но ако следното забременување доведе до уште еден плод со Рх+, мајката веќе развила чуствителност и ќе произведува антитела кон крвната група на бебето. Реакцијата кон резус факторот може да се јави само кај жени со Рх - , кои зачнале дете од татко со Рх + фактор. Рх некомпатибилноста е основната причина за хемолитична болест на новороденото - уништувањето на црвените крвни зрнца на фетусот.

Иследувањата се појасно покажуваат, дека резус факторот би можел да има улога и надвор од крвните клетки. Научниците откриле, дека Рх факторот може да влијае на активноста на клетките - убијци (НК). Некои иследувања не ја установиле оваа врска, а други иследувачи го забележале посилниот напад на НК против одбележаните клетки кај индивидуи со Рх-. Наскоро е докажано, дека определени Рх протеини можат да го корегираат дефицитот на амониев радикал во бубрезите.

коментари

оставете коментар