Протеини

објавено од: Маријан Бандев во: диететика на: кометнар: 0 преглед: 1190

Протеините се составени од аминокиселини. Телото може да произведе 13 од 22 - те аминокиселини. Но останатите девет треба да бидат извлечени од храната.

Секојдневната консумација на доволна количина на квалитетен протеин, е од големо значење за отстранувањето на килограмите. Протеинот е единствена храна која е одговорна за изградувањето на мускулатурата. Најдобар извор на протеини се рибите, раковите, школките, белката од јајце и разни видови на месо (коњско, говедско, овчјо, месо од живина - патки, гуски и сл.). Многу потешко е да се достават доволно протеини од растителни продукти како сојата, леќата, ореви и семки. Растителните протеини се содржат повеќе во зрнестата храна, која е доста богата со јаглехидрати. Оваа храна е со низок процент на определени аминокиселини, кои како основна составка на протеините учествуваат во изградувањето на нови ткива и регенерирањето на стари, затоа организмот неможе да ги користи растителните протеини како извор. 

Протеините играаат улога не само во создавањето на доброоформен мускул, но исто така можат да го забрзаат процесот на горењето на масти. Тие имаат најголем термички ефект во споредба со останатите храни, затоа што на нив им е потребна повеќе енергија , за разградување и усвојување,

отколку на јаглехидратите и мастите, а тоа го стимулира организмот. Консумирањето на протеини може значително да ги забрза метаболитичките процеси со околу 30%. Затоа што се составени од многу долги молекулни вериги, кои се составени од аминокиселини, кои се цврсто поврзани и на кои им е потребна поголема потрошувачка на енергија. Таа потрошувачка е 30 калории. На пример, при примање на сто калории протеини (на пр.пилешки гради), остануваат чисти 70 калории после нивното преработување. СПД ( специфично динамично дејство, претставува потрошувачката што треба да ја направи организмот за да ја разгради примената храна до степен за да премине во крвта) кај протеините е 30%.

Кај јаглехидратите СПД е 7%, а кај мастите е 12%. При усвојувањето на протеините нашиот организам врши голема работа, се одделува топлина и се покачува телесната температура. Затоа после јадење богато со протеини не треба да се тушираме со студена вода , разликата на температурата може да доведе до воден удар.

Вистина е дека протеините не се складираат, но невистина е дека може да се консумираат во неограничени количини. Прекумерната консумација на секој вид храна води до натрупување на телесните масти, а протеините не прават исклучок. Максимумот протеини што може да се дозволи на еден оброк е 125 грама. Консумирањето на поголема количина, вишокот го претвара во масни ткива. Друго интересно за нив е тоа што секој протеин се усвојува со различна брзина. Рибата се метаболизира многу побрзо за разлика од црвеното месо. Немасното пилешко месо исто така се метаболизира лесно, но најбрзо се справува со белките од јајцата. 

При недостиг на протеини организмот е принуден да троши од резервите, мускулите, кожата, па дури и од коската. Пациентот треба да знае дека колку и да е ограничена диетата, тој треба да прима најмалку 1 грам протеин на еден килограм телесна тежина и да биде рамномерно распределена во три порции. Чистите протеини го убиваат апетитот.

При консумирање на храна богата со протеини, организмот произведува кетони, кои го убиваат апетитот и по природен пат водат до ситост.

Чистите протеини го спречуваат подувањето и задржувањето на вода. Некои диети или видови на храна се познати по тоа дека се “хидрофилни” и делуваат благопријатно на подувањето и задржувањето на вода. Таков случај се диетите богати со овошје, зеленчук и минерални соли. Храната богата со протеини е “хидрофобна”, таа го олеснува одделувањето на урина и губењето на водата во ткивата.

Двата недостатоци на протеините се тоа што тие се многу скапи и содржат отпадни материи. За разлика од другите храни протеините не се разградуваат целосно во организмот, туку оставаат мала количина отпадоци кои треба да бидат исфрлени, како што е пикочната киселина. Во човечкиот организам оваа улога ја врши бубрегот, кој се справува одлично со оваа задача, но за оваа цел тој има потреба од поголема количина на вода. Затоа е многу важно да се пие вода кога се консумира храна богата со протеини.

коментари

оставете коментар