Подгрупи

објавено од: Маријан Бандев во: биолошки функции на крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 603

Сите АБ0 крвни групи имаат подгрупи - микроваријација на основниот антиген. Во поголем дел од овие подгрупи не се посебно важни и кај крвните групи 0 и Б не се забележуваат.

Сите АБ0 крвни групи имаат подгрупи - микроваријација на основниот антиген. Во поголем дел од овие подгрупи не се посебно важни и кај крвните групи 0 и Б не се забележуваат. Постојат околу 20 познати разновидности на крвната група А. Околу 95% од индивидуите на крвна група А се А1.

Од второстепените разновидности на крвната група А, само подгрупата А2 има некакво значење. Од истражувањето врз населението се гледа дека ова било рана мутација или можеби првобитен вид на крвната група А. Знаеме дека процентот на А2 кај таканаречените “кафеавооки лапланци” е прекумерно висок. Ова е доста древен народ, кој се придвижувал на север кон Скандинавските острови, од областа кај денешна Ерменија - точката каде што оваа мутација на крвната група А се појавила за првпат во големо количество.

Крвната група А2 поседува повеќе од карактеристиките на А1, а предноста е во тоа што ја зачувала способноста да ги поднесува мастите, особина која недостига кај индивидуите со крвна група А1.

Можеби ова била причината за адаптацијата кон риба и дивеч, затоа што областа не била погодна за земјоделие.

А2 се разликува од А1 претежно по бројот на А - антигените врз клеточната површина и има меѓу 1/3 до 1/4 од бројот на антигените.

Многу паразитни болести, како маларијата имаат приоритет кон inf412icirawetona крвната група А. Овој намален број на антигени можеби било прашање на природна селекција - колку помалку антигени, толку поголеми шанси за опстанок и за распространување на генот.

А2 се докажува клинички со употребата на лектин од растението Dolichos biflorus, кое ги аглутинира клетките на крвната група А1 но, не и тие на А2.

коментари

оставете коментар