Откривањето на врската меѓу крвните групи и биолошка функција

објавено од: Маријан Бандев во: еден век наука за крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 1047

Уште во 1921 година едно иследување објавено во англиското списание “’Journal of experimental pathology’’ се осврнува врз заболувањето од различни видови рак

Уште во 1921 година едно иследување објавено во англиското списание “’Journal of experimental pathology’’ се осврнува врз заболувањето од различни видови рак и доаѓа до резултат, дека индивидуите со крвна група АБ се поподложни кон рак. Тоа е почетокот на зголемената маса на необработените податоци, кои се соочуваат со специфичната подложност на секоја крвна група кон определени заболувања, но овие иследувања се остваруваат многу тешко, највеќе заради ограничените етнички и географски фактори. Освен тоа, многукратниот негативен резултат е добиен од неправилна статистичка анализа. На пример, во клиниката “Мејо”, во 20 - те години на XX век, ги анализираат крвните групи на 2446 пациенти и закучуваат, дека нема никаква врска меѓу крвните групи и ракот, како што било тврдено пред тоа, И всушност нема никаква врска меѓу крвните групи и болестите. Ако иследувателите во “Мејо” користеле посовремени статистички средства, тие би ја откриле врската со крвните групи. Но за жал, објавените резултати од клиниката “Мејо” го одложува интересот од проучувањето на крвните групи и болестите значителен период од време. Првата силна врска меѓу АБ0 крвните групи и болестите е објавена во 1936 година од Luixi Uxeli, италијански физиолог. Uxeli забележува дека процентот на разкрваренети чирови е повисок кај мажите со крвна група 0. По Втората светска војана интересет за врската меѓу крвните групи и болестите одново се појавува. Во 1953 година, кога истражувачите ја покажуваат врската помеѓу крвната група А и зголеменото заболување од рак на стомакот, клиничкиот интерес за испитувањето на врските помеѓу крвните групи и болеста се зголемува во 50 - те и 60 -те години. Во еден материјал, објавен во 1960 година, испитувачите го посочуваат неверојатно високиот процент на индивидуите со крвната група 0 меѓу заболените од чир, во однос со контролната група и соодветно пониската заболеност кај останатите крвни групи - откритие, потврдено од многу други истражувачи. Во дополнување кон врските на болестите со дигестивниот тракт, иследувачите започнуваат да ја откриваат врската меѓу крвната група и физиолошките функции. Востановено е, дека крвната група 0 има повисоки нивоа на хлороводородна киселина, пепсиноген и гастрин - се важни дигестивни фактори, необходни за правилното усвојување на протеините. Исто така е потврдено дека крвната група А има високи нивоа на фактори кои ја засируваат крвта, и зголемена заболеност од срцеви заболувања и високи нивоа на холестерол. Таткото на д-р. Питер Д’Адамо, Џејмс Д’ Адамо за првпат ја лансира теоријата, дека крните групи од системот АБ0 би можеле да искористат како методи за оптимизирање на хранењето. Бо 60-те години тој забележува дека вегетаријанската И сиромашната со масти диета се покажува добро за некои пациенти, а за други нивната состојба се влошува. Тој заклучува, дека треба да има некаков клуч, кој што би можел да се искористи, за да ги определи разликите во нчинот на исхрана кај пациентите. Индивидуите со крвна група А се чувствувале лошо со диета богата со протеини, која се состоела од големи количини месо, но се чувствувале добро со консумирањето на растителни протеини, како што е сојата. Кога пациентите со крвна група А земале големи количини на млечни продукти, тоа довело до исфрлувањето на големи количини слуз во синусите И дишните патишта. Кога тие започнувале да спортуваат поактивно индивидуате со крвна група А се чуствувале полошо, отколку кога се занимавале со полесни вежби како јогата. Од друга страна, пациентите со крвна група О се чувствувале многу добро И често изјавувале, дека интезивното спортување, како трчење и аеробик, ги полнел со енергија и им го подобрувал расположението. Во 1980 година Џејмс Д’Адамо ја објавува книгата “Индивидуално хранење (One”s Man”s Food), инспирирана од афоризмот “Она,Што е храна за еден, е отров за друг””. Кога Џејмс Д”Адамо ја објавува својата книга, Питер Д ‘Адамо, бил студент во трета година по природна филозофија, на колеџот “Џон Бастир” во Сиетел. Во 1982 година Питер Д’Адамо за својата дипломска работа ја проучува медицинската литература, за да види дали постои заемна врска меѓу АБ0 системот на крвните групи и подлежноста кон определени заболувања и дали сето ова ја поткрепува теоријата на неговиот татко Џејмс Д’Адамо за хранењето. Иако знаел дека книгата е базирана врз сопствените субјективни впечатоци за крвните групи, а не на објективните методи на проценка, не бил сигурен што ќе открие. По проучувањето на литературата во медицинската библиотека на универзитетот во Вашингтон, Питер Д’Адамо собрал многу несврзани информации за ретко среќавани болести кои се сврзани со крвната група и за неколку често среќавани заболувања, кои не се сврзани со крвната група. Тој открил голем број заболувања и функции на дигестивниот систем сврзани со крвните групи - информација која не ја добил во медицинското училиште. Откако ги продолжил своите иследувања, открил други важни врски и ги објавил во 1982 година во статијата “Диетата, болеста и АБ0 крвните групи”. Во следните 20 години ги продолжил своите иследувања, а најмногу специфичните лектини за секоја крвна група и нивното дејство врз дигестивниот систем и имунитетот. На крајот на1996 година ја објавува својата книга “Правилниот начин на исхрана за вашата крвна група”. Во тој момент имало повеќе од 1000 објавени иследувања врз врската меѓу крвните групи и заболувањата. Иако бројот на иследувањата продолжува да расте, врската помеѓу крвните групи со диетите и болестите станува се појасна, медицината нема голем удел. Во повеќе медицински училишта изучувањето на АБ0 крвните групи се сведува само на нивната улога во крводарителството, податок кој на Лант Штајнер , Бојд и други научници им бил одамна познат. Кон 2000 година, благодарение на интернетот Питер Д’Адамо направил регистер на резултатите од придржувањето кон диети, во кој околу 4000 индивидуи со различни крвни групи раскажуваат за подобрување на симптомите на болестите, како резултат на користењето на диета, која одговара на нивната крвна група. Многу од овие резултати биле поткрепени од неоспорливи податоци, како крвна слика и лекарски мислења. Процентот на добиените резултати беше навистина извонреден, независно од крвната група, од 90 - 93% од пациентите биле задоволни од резултатите на придржувањето кон диетите, кои најчесто раскажуваат за подобрувањата во дигестивниот систем, нивото на енергија и чувството на задоволство.

коментари

оставете коментар