откривање на крвните групи

објавено од: Маријан Бандев во: еден век наука за крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 610

Во 1628 година англичанецот Вилијам Харви докажува дека крвта циркулира по целото тело,и го објавува истото во својата позната книга "Движењето на срцето И крвта кај животните".

Во 16 век докторите се обидуваат да ја компензираат загубата на крв за време на операција или за време на војна со крв на здрав донор.Но не ги достигнуваат посаканите резултати. Користеле крв од јагниња,кучиња,зајаци користеле и млеко и солена вода кое се покажува катастрофално.


Во 1888 година во Универзитеот Дорпат денеШен Тарту во Естонија Хенри Стилмарк ги меша екстрактот од рициновите семиња со крв, тој забележува дека црвените крвни клетки се аглутинираат или т.е се собираат заедно, како кај засирувањето на крвта. Стилмарк открива дека аглутинацијата со рициновите семиња не се појавува кај сите животински видови, некои црвени крвни клетки се уништуваат, други силно се аглутинираат, кај трети аглутинацијата е умерена, кај четврти е сосем слаба. Сите овие истражувања го привлекуваат вниманието на германскиот бактериолог Пол Ерлих. КористејЌи абрин и рицин, тој прави ред од експерименти кои довеле до некои фундаментални концепти на имунологијата. На пример, зајаците кои биле хранети со мали количини семиња од Абрус прецаториус, развиле извесен имунитет кон арбин и интравенозното инјектирање на арбин можело да го засили неговиот имунитет.Од овој експеримент Ерлих успева да ја покаже специфичноста на серумните протеини (познати како антитела), кои се откриени во серумот на животните на кое им се давале абрин и рицин. На пример, антиабрин може да го неутрализира дејството на абрин но не и на рицин, и обратно.


Во 1900 година д-р.Карл ЛандШтајнер,австроамерикански лекар, забележува, дека со мешањето на крв на различни индивидуи настапува аглутинација на црвените крвни клетки-во некои случаи,но не и во други. Како разултат на овие различни реакции се разликуваат три крвни групи-О,А И Б. Четвртата крвна група АБ исто е додадена во поново време. За првпат крводаритѕелството можело да се прави на безопасен и сигурен начин. Имајќи во предвид колку многу човечки животи се спасени со откритието на ЛандШтајнер, во 1930 година добива Нобелова награда. Заедно со Филип Ливајн и Александар Винер во 1946 година,тој ке го открие крвниот РХ систем, кој реШава други медицински компликации во реакциите мајка-фетус. 

Јан Јански чешки лекар и профессор на универзитетот во Прага, исто така стигнува до истите резултати. Тој бил специјалист во областа на неврологијата и психијатријата. АнализирајЌи ја крвта на 3000 пациенти, сакал да разбере дали може да открие разлики во коагулацијата на крвта кај Шизофреничари и други.


Во процесот на истражување Јански забележува четри крвни групи И ја објавува својата работа во 1907 година.
Во 1908 година ЛандШтајнер започнува со екперименти со различни соединенија и нивното дејство врз црвените крвни клетки. Тој докажува, дека мали количества агглутинин од обична леќа ги аглутинираат црвените крвни клетки на зајакот, но поголемо количини не покажуваат дејства врз црвенит крвни клртки на гулабот. Тој, исто така, успева да докаже, дека растителните аглутинини кои се прилепени на црвените крвни клетки,може да се ослободат со покачување на температурата до 50 степени или со третирање на асглутинираните клетки сислиз од свински црева(богат извор на антиген на крвна група А). ЛандШтајнер еготов да го објави своето ново откритие во врска со растителните соединенија И крвните групи во 1914 година, но војната го спречува И неговиот труд останува необјавен се до 1933 година.


Во 1945 гидина Вилијам Клаузер Бојд доцтор по филозофија кој работел во медицинскиот факултет на бостонскиот универзитет, открива , дека некои аглутинини се специфични за крвните групи И се во состојба да ја аглутинираат крвта од една крвнагрупа,но не И од друга.Аглутининот во белиот грав "Лима" ги аглутинира само црвените крвни зрнца на крвната група А но не И на тие од крвната група О или Б.


Боид го воведува терминот лектин за секој агглутинин, кој доаЃа од латинскиот збор легере, Што значи ‘’избирам’’. Како Што самиот Бојд раскажува во еден број на списанието "Annals of the NY Academy of science" од 1970 година, тој го прави своето откритие на специфичните лектини на крвните групи,додека ја проучува таблицата во која Што ЛандШтајнер ги внесил резултати од истражувањата на животни.


Еден кон крајот на 1945 година, кога ја разгледував таа таблица во второто англиско издание на книгата на ЛандШтајнер, ме просветли идејата дека штом тие екстракто дејствуват различно на различните животински видови, значи би можеле да имаат различо дејство и врз одделни индивидуи; т.е би можеле да дејствуваат врз црвените крвни зрнца на некои индивидуи од еден вид и да не дејствуваат врз други индивидуи од истиот вид. Затоа го замолив еден од асистентите да отиде до бакалницата на аголот и да купи грав „Лима“. Просто незнам зошто кажав „Лима“ наместо почесто употребуваниот грав или црвениот бубрековиден грав. Но ако сме купиле кој да било друг грав немаШе да откриеме ништо ново.


Ги столчивме зрната на гравот „Лима“ и приготвивме екстракт со солен раствор. Добиениот раствор ги аглутинираШе еритроцитите на некои луѓе, а на други-слабо или никако. Веднаш стана јасно, дека разликите се поврзани со крвните групи.

коментари

оставете коментар