Опстипација кај возрасни

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 646

Намалена фрекфенција и отежната дефекација. Нормално дефикацијата се случува од интервал од 8 до 72 часа. Опстипацијата се јавува кај 1-6% од здрави возрасни лица, и кај имобилизарани стари лица, опстипацијата се јавува до 80%.

ЕТИОЛОГИЈА

Начин на живеење:

  • Недостиг на физичка активност

  • Исхрана сиромашна на растителни влакна ( дневно треба да внесите од 15 до 18 г. фибри)

  • Недоволно внесување на течности

Лекови:

  • Опиоиди

  • Верапамил и други калциум антагонисти

  • Антихолинергични лекови (Неуролептици, Антидепресиви, лекови за Паркинсонова болест)

  • Стимулативни лаксативи во долготрајна употреба

  • Антиациди

  • Диуретици

  • Препарати на железо

Органски причини

  • Анална фисура

  • Цревни стенози

  • Хипотиреоза

  • Дијабетна нефропатија

  • Невролошки заболувања (Паркинсонова болест, цереброваскуларна болест, повреди на ‘рбетниот мозок, склероза)

Психогени причини

  • Анорексија нервоза

  • Депресија

Симптоми сугестивни за органска болест

  • стомачна болка која се зголемува

  • болка асоцирана со дефикација

  • промени во цревно празнење

  • крв во изметот

  • загуба на тежина, слабост

    Испитувања

    • Абдомен: инспекција (лузни), палпација

    • Дигитален ректален преглед, проктоскопија: хемороиди, фисури, сфинктерен тонус

    • Ако симптомите сугерираат органска болест, следните испитувања моажат да ви бидат во корист:

    Сигмоидоскопија или ректоскопија

    Колонографија

    Колонографија, ректални биопсии, и аноректална манометрија се индицирани ако постои сомнение за Хиршпрунгова болест кај млади луѓе со опстипација од детство.

    Третман

    Краткотрајна опстипација

    • Стимулативни лаксативи можат да се употребат краткотрајно.

    • Мини-клизми разрешава тешка опстипација

    Хронична опстипација

    • Корекција на исхраната, додаток на растителни влакна (14 до 16г. дневно) и течности.

    • Зголемување на физичка активност

    • Да се прекинат стимулативни лаксативи (сена, бисакодил)

    • Да се прекинат лековите или да се намали дозата на лековите кои индуцираат опстипација.

    • Лаксативи кои го зголемуваат волуменот на столицата

    Осмотски лаксативи

    Лактулоза

    Магнезиумово млеко

коментари

оставете коментар