MN системот на крвните групи

објавено од: Маријан Бандев во: биолошки функции на крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 442

За разлика од системот АБ0 и Рх, МН системот не е важен фактор кај трансфузијата или трансплантацијата на органи. Поради оваа причина медицината не пројавила интерес кон него. МН крвните групи се значајни за генетичарите и антрополозите,

За разлика од системот АБ0 и Рх, МН системот не е важен фактор кај трансфузијата или трансплантацијата на органи. Поради оваа причина медицината не пројавила интерес кон него. МН крвните групи се значајни за генетичарите и антрополозите, затоа што многу болести се сврзани со нив. МН системот е откриен од Ланд Штајнер и неговите колеги во 1927 година. Овој систем има три разновидмости - ММ, НН и МН - во зависност од тоа дали клетките имаат само М антиген (кои ги прави ММ), Н антиген (НН) или и двата (МН). Околу 28% од населението се МН, 22% се НН И 50% се МН.

Анти М и анти Н не создаваат никаква опасност за време на трансфузијата, затоа што нивното присуство е многу ретко во човечкиот серум.

Докажано е, дека МН системот може да игра важна улога кај ракот, инфекциите и склоноста кон срцеви заболувања.

М - антигенот е прекурзор (претходник) на еден од најчесто среќаваните антигени, сврзани со туморот , антигенот Томсен - Фриденрајх (Т). Тој е тумор маркер кај многу ракови заболувања, вклучувајќи ги оние на стомакот, на градите и на дебелото црево.

Индивидуите кои се НН, поретко страдаат од депресивна психоза и се претпоставува, додека полесно ги регулираат липидите во крвта со диета сиромашна со масти.

Индивидуите кои се НН и се со крвна група А, а почесто страдаат од срцеви заболувања, додека луѓето со МН почесто имаат хипертонија и астма.

коментари

оставете коментар