Мигрена

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 707

Терапија за лесна мигрена е со парацетамол, аспирин или со НСАИД (нестероидни антиинфламациски лекови) како монотерапија или ви комбинација со метоклопрамид.

Терапија за лесна мигрена е со парацетамол, аспирин или со НСАИД (нестероидни антиинфламациски лекови) како монотерапија или ви комбинација со метоклопрамид.
Кај посилни напади што онеспособува треба да се земе триптан.
Повеќе се јавува кај жените 14,6% а кај мажите 4,8%, главно се јавува кај луѓе кои се во период на работоспособност.
Фактори што ја преципитираат главоболката се нарушувањата во ритамот на сон/будност, хипогликемја и промена на интензитетот на стресот. Влијанието на исхраната, со исклучок на алкохолот, е варијабилно кај поединците.

migrena1.jpg

Симптоми

  • Предромски симптоми што се јавуваат еден ден пред нападот: проѕевање, потреба од блага храна, замор и промена во личност.
  • Симптоми на аура: прогресивни нарушувања на видот, линии во цикцак – форма, затепаност, нарушување на говорот, парестезии во траење од 5 до 60 минути.
  • На крајот на фазата со аура или по неа се јавува силна или средно силна главоболка, која е предружена со гадење и со повраќање.
  • Мигрената без аура почнува со главоболка.
  • Атаката е поврзана и со нарушување во автономниот систем: бледа кожа, нарушена функција на мочниот меур и др.

migrena2.png

Дијагностички критериум за мигрена со аура

  • Ако пациентот има барем две атаки за чие време се јавуваат следните симптоми:

    симптоми на аура (кои ги наведовме погоре)
    траењето на аурата е повеќе од 4 минути

  • Аурата е проследена со главоболка во следните 60 минути

migrena3.jpg

migrena4.jpg

Дијагностички критериуми за мигрена без аура

  • Ако пациентот има барем пет напади на главоболка што трае 4-72 часа со исполнување најмалку два критеруама од групата со А – симптоми и барем еден од групата со Б – симптоми асоцирано со нив.

Симптоми А  
- Пулсирачка главоболка
- Главоболката е унилатерална
- Главоболката е со среден или со силен интензитет и го засега извршувањето на      
дневните активности
- Физичката активност ја засилува главоболката       

Симптоми Б
- Гадење и/или повраќање
- Фотофобија и фонофобија

Третман на мигренозна атака

  • Одмор во тивка просторија
  • За време на мигренска атака, лековите најдобро се ресорбираат дадени ректално
  • Комбинацијата на метоклопрамид со други лекови за мигрена за подобрува нувната апсорција

Нестероидни антиинфламациски лекови

  • Аспирин 1000 мг или парацетамол 1000 мг поединечно или во комбинација со метоклопрамид 10-20 мг или со други нестероидни антиинфламациски лекови: кетопрофен 50-200мг, напроксен 500-1000 мг или ибупрофен 800мг, овие се дневни дози.  

Триптани

    • Триптаните се лекови на прв избор кај силни и онеспособувачки атаки на мигрена
    • Суматриптан 50-100 мг
    • Золмитриптан 2,5-5 мг
    • Ризатриптан 5-10 мг
    • Алмотриптан 12,5 мг
    • Контраиндикации за употреба на триптани:

Исхемична срцева болест, мозочен удар, нетретитан или висок крвен притисок и тешка ренална инсуфициенција.

Ерготамински деривати

  • Ерготамин тартрате 1-2 мг
  • Дихидроерготамин 2,5-5 мг неколку недели

коментари

оставете коментар