Липиди

објавено од: Маријан Бандев во: диететика на: кометнар: 0 преглед: 596

Со мрсна храна не се ослабнува! Ако навистина сакате да ја намалите телесната тежина ќе треба да ги отфрлите маснотиите од исхраната. Тие претставуваат најконцентрирана форма на складирана вишок енергија.

Со мрсна храна не се ослабнува! Ако навистина сакате да ја намалите телесната тежина ќе треба да ги отфрлите маснотиите од исхраната. Тие претставуваат најконцентрирана форма на складирана вишок енергија.

Мастите се усвојуваат многу побрзо за разлика од јаглехидратите и протеините, затоа што за нив организмот троши многу малку енергија, за да ги усвои. Телото работи многу напорно за да ги разгради протеините, исто и кај јаглехидратите но кај мастите не е така, тие се таложат многу лесно а горат многу тешко. На организмот му е потребно многу време за да ги метаболизира (да ги претвори во гориво), затоа се поголеми шансите, примената храна богата на масти да остане во телото како телесна маст.

Храната богата со масти, организмот ја препознава како телесна маст и е склон да ја складира, наместо да ја истроши, трупајќи ја на различни места (стомакот, задните делови или бедрото) во зависност од типот на телото.

Таа склоност на натрупување на мастите влијае штетно на метаболизмот.

Внесувањето на поголема количина масти од потребната, ги забавува метаболитичките процеси, кое го олеснува качувањето на вишок килограми.

Ограничувањето на мастите до минимум во вашата исхрана ќе ви помогнат да ослабнете во краток рок и да ја задржите постигнатата тежина за подолго. Мастите исто така се извор на гориво како и јаглехидратите но не директен. Има начин да истрошиме колку што можеме повеќе масти со специјална техника на физички вежби наречена “бавно оптоварување на долги растојанија’’. 

Сигурно досега сте слушнале за “добри и лоши’’ масти, термини со кои се определуваат незаситените и заситените масти. Под заситени масти кои се тврди при собна температура, спаѓаат: масло, свинска маст, некои видови пресно бело сирење, тропски масти и дехидрогенизираните масти во маргаринот и путерот од кикиритки. Заситените масти се одговорни за високите нивоа на холестеролот во крвта, причинувајќи атеросклероза.

Незаситените обично се течни на собна температура и се од растителен производ. Некои незаситени масти се сметаат за поздрави од заситените масти, покрај тоа кога станува збор за ослабнување, маснотиите се маснотии. Телото има афиниет кон нив, независно колку се заситени и ќе ги складира пред јаглехидратите или протеините.

1 грам масти содржи 9 калории - два пати повеќе од калориите на јаглехидратите и протеините.

Ние имаме потреба од некакви масти за правилно функционирање на организмот, за апсорбирањето на некои витамини, за нормалното згрутчување на крвта, за заштита на клеточната мембрана, во производството на хормони и им дозволуваат на клетките да транспортираат и одделуваат субстанции, без да ја изложуваат на ризик внатрешноста на клетките. Но не треба дополнително да ги внесуваме во исхраната. При консумацијата на немасно месо и риба организмот ги задоволува своите потреби во целост,затоа што тие содржат доволно количество на масти. ЗАПОМНЕТЕ – од храна богата со масти се качуваат килограми. За да ослабнете и да имате добро здравје консумацијата на маснотиите треба да ја доведете до минимум. Мастите не се одразуваат многу на апетитот за разлика од другата храна која е богата со протеини, тие не ја намалуваат количината на следното јадење и не го одложуваат за подоцна.

коментари

оставете коментар