Крвните групи и индивидуалноста

објавено од: Маријан Бандев во: еден век наука за крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 546

Дваесетиот век станува сведок на појавата на една нова наука - наука, која ја објаснува тајната на мозок со дополнение на тајните на телото. Kрвните групи неизбежно стануват објект на истражување.

Дваесетиот век станува сведок на појавата на една нова наука - наука, која ја објаснува тајната на мозок со дополнение на тајните на телото. Kрвните групи неизбежно стануват објект на истражување. Во 20 - те години Такеџи Фурукава, јапонски профессор по психологија, ги изучува врските помеѓу крвната група и карактерот. Фурукава ја лансира теоријата за врската помеѓу крвната група и темпераментот. Неговата прва специалност во колеџот е експериментална обука и после тоа работи во администрацијата на една гимназија. Тој доаѓа до заклучок дека разликите во темпераментот на кандидатите се причината за невозможноста да се предвиди нивното понатамошно претставување во училиштето по резултатите од приемните испити. Фурукава ја објавува својата работа во германското ‘’Списание по приложена психологија’’, во 1931 година и со тоа влијае врз неколку европски психолози да ја проучат идејата подетално. Германскиот психолог Карл Х. Гобер навлегува во работата на Фурукава.

Во Швајцарија д-р К. Фриц Шаер ги користи студентите на Швајцарската воена академија за истражувањата за крвните групи и индивидуалноста.

Појавата на фашизмот ја одолговлеkува работата на Фурукава за околу две децении.

Две важни фигури во психологијата, Рејмонд Кетал и Ханс Ајзенк, се интересираат за иследувањето на индивидуалноста, како органска, биохемиска функција, а не како плод на социализацијата и воспитувањето.

Кетал создава метод за оценување на индивидуалноста, наречен “16 критериуми на личноста’’ (16ЛК), кој денеска широко се користи.

Во 1964 година и повторно во 1980 година Кетал ги истражува крвните групи користејќи го својот систем (16ЛК). Групата од 323 Австралијанци од Кавкаски тип била поделена во 17 генетични системи (вклучувајќи 7 крвни групи) и 21 психолошка промена.

Резултатите покажуваат дека:

1. Индивидуите со крвна група АБ, се значително по самостојни и по независни од луѓето со крвна група 0, А и Б.

2. Индивидуите со крвна група А се по склони кон вознемиреност од луѓето со крвна група 0.

Користејќи го системот на Кетал, друг научен работник ја проучува врската меѓу АБ0 0системите на крвните групи и личните фактори кај 547 ученици од јужен Мисисипи. Се покажува дека учениците со крвна група 0 се понапрегнати од учениците со крвна група А и Б. А од друга страна учениците со крвна група АБ биле најнапрегнати од сите.

Психологот Ханс Ајзенк роден во Берлин, професор по психологија во лондонскиот универзитет од 1955 до 1983 година, исто така е пионер на идејата дека генетичките фактори играат важна улога во определувањето на психолошките разлики помеѓу луѓето. Основниот придонес на Ајзенк во психологијата е теоријата за индивидуалноста, наречена системот ПЕН (психоза, екстровертност, невроза). Според Ајзенк разликите се резултат од физиолошките и хемиските предпочитанија, на пример, кај интровертните има зголемена активност во кортико-ретикуларната дага на мозокот и заради таа причина нивната мозочна кора е повозбудена од таа на екстровертите. Тој со своите иследувања посочува значителни разлики во распространетоста на АБО крвните групи кај европските интроверти и екстроверти и меѓу силно емоционалните и посмирени луѓе. Овие иследувања покажуваат, дека емоционалноста е значително покаракретистична за индивидуите со крвна група Б, отколку кај оние со крвна група А и дека интровертноста е почесто среќавана кај крвната група АБ, отколку кај останатите.

krvnite_grupi_i_individualnosta1.jpg

Во едно иследување Ајзенк ги проучува претставниците на британското и јапонското население. Иследувањата покажале, дека Јапонците по природа се по интровертни и невротични од Британците. Тој претпоставува дека кај Јапонците процентот на крвната група АБ е повисок од крвните групи А и Б.

Како целина овие иследувања на крвните групи и индивидуалноста предизвикуваат само мал бран во широките области на психологијата. Кон темата недостига силниот општествен интерес до 1971 година, кога јапонскиот журналист Масахико Номи пишува повеќе книги за индивидуалноста и крвната група. Неговата работа како целина е непотврдена и аматерска, така и не е многу јасно како стигнува до своите изводи. Поради таа причина тој бил подложен на чести напади од страна на јапонските психолози, иако неговите книги имаат феноменален успех.

Врската меѓу крвните групи и стресот на генетичко рамниште е нешто ново. Извесен број на иследувања ги споија крвните групи со различни умствени нарушувања, вклучувајќи ја заемната врска меѓу крвната група 0 и маникално - депресивната психоза. Други иследувања говорат, дека генетиката на крвните групи може да дејствува врз количеството и видот на неврохемикалите и хормоните, секретирани во состојба на стрес. Познато е, дека индивидуите со крвна група 0 реагираат на стресот со секретирањето на големи количества катехоламини, како адреналинот. Освен тоа постојат податоци, дека тие се склони да го елиминираат адреналинот помалку ефективно за време на стрес од луѓето со крвна група А, Б и АБ.

Докажано е, дека индивидуите со крвна група А и Б произведуваат повисоки нивоа на хормонот за стрес во надбубрежната жлезда.

Кортизолот и индивидуите со крвна група А најнеефикасно го елиминираат вишокот кортизол во споредба со останатите крвни групи. Докажано е, дека крвта на луѓето со крвна група А станува погуста за време на стрес, за разлика од останатите крвни групи. Тоа можеби се должи на врската меѓу крвната група А и склоноста кон повисоки рамништа на различни фактори на засирување на крвта.

коментари

оставете коментар