Крвни групи и нивната распределба меѓу луѓето

објавено од: Маријан Бандев во: еден век наука за крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 776

Првото научно истражување за распределбата на крвните групи го направиле Лудвик и Ханка Хиршфелд, полско семејство-имунолози, за време на Првата светска војна.

Првото научно истражување за распределбата на крвните групи го направиле Лудвик и Ханка Хиршфелд, полско семејство-имунолози, за време на Првата светска војна. Хиршфелдови ги користат новите познавања за крвните групи за да ги проучат расите и националните карактеристики. Тие ги анализират крвните групи системски на неколку различни етнички континенти меѓу војниците во англиските и француските колонијални армии, вклучувајќи виетнамски, сенегалски, индијски и други армии. Секоја група се состои од над 500 или повеќе индивидуи. Тие откриваат, дека процентот на крвната група Б варира од низок (7,2 % од населението) кај англиските поданици до висок (41,2 %) кај индијците. -

Кај западноевропските народи, како целина крвната група Б се среќава поретко отколку кај балканските Словени, најчесто, среќавана е кај Индијците и Виетнамците, а поретко среќавана е кај Русите, Турците и Евреите. Распределбата на крвната група АБ е со низок процент (3% - 5%) кај западноевропските народи и висок (8,5%) кај Индијците. Распределбата кај А и 0 како целина е контрадикторна на крвните групи А и АБ. Процентот на крвната група А е доста висок (40%) кај Европејците, балканските Словени и Арапите, а е доста низок кај жителите на западна Африка, Виетнамците и Индијците. Крвната група 0 е со висок процент (45%) кај испитаното англиско население, додека процентот кај испитаните Индијци е само 31,3%.

Современата анализа, која се базира главно на документацијата на крвните банки, веројатно ги опфаќа крвните групи на повеќе од 20 милиони индивидуи од целиот свет. Оваа огромна цифра ги потврдува почетните набљудувања на Хиршфелдови.

Во 1950 година Вилијам Бојд, кој се појавува како човек со различни интереси и способности, ја користи својата претходна работа со крвните групи за борба против расизмот во Америка. Во соработка со проучениот писател и доктор по филозофија Ајзак Азимов, ја објавува книгата “Раси и луѓе”. Бојд истакнува, дека крвната група е покарактеристичен белег за расната припадност, отколку другите показатели, како бојата на кожата и националниот производ. Тој посочува четири причини за ова тврдење. Прво, крвната група е скриена карактеристика. Човекот неможе да ја определи крвната група по неговиот надворешен изглед. Второ, за разлика од другите останати физички карактеристики, крвните групи се наследуваат точно. Трето, крвната група останува непроменета од зачетокот до смртта. Таа е постојана. Четврто, крвните групи се доказ за мешањето на луѓето во целата човечка историја. Нема такво нешто како “чистота ” на расата. Различните крвни групи се распространети низ целата земја. Единствено, процентуалниот однос се променил со времето.

Бојд го анализира АБ0 системот на крвните групи заедно со две второстепени системи - МН и Рх, кои се откриени последователно.МН И РХ

Тој изолира шест “генетични раси” :

Раноевропските групи се карактеризираат со највисока зачестеност (над 30%) на Рх - негативниот ген, а веројатно има недостиг на крвна група Б и доста висока зачестеност на крвна група 0. Генот на крвната група 0, веројатно е со повисока зачестеност отколку кај денешните европејци.

Европска група (групата на Кавказите) е втора по распространетост на генот на Рх - негативно и со висока зачестеност на крвна група А2 и нормална зачестеност на крвна група М .

Африканска група (мегроидна) се карактеризира со исклучително висока зачестеност на позитивниот Рх - ген, Рх0 и умерена зачестеност на негативниот Рх; има доста висока зачестеност на крвната група А2 и доста висока зачестеност на крвна група Б.

Азијска група (монголска) се карактеризира со висока зачестеност на крвната група Б и малку или воопшто нема гени на крвната група А2 И Рх - негативниот ген.

Групата на американски Индијанци се карактеризира со малку или никакв и гени за крвната група А, а веројатно и за Б или Рх-негативен, а со висока зачестеност е крвната група 0.

Австралиската група се карактеризира со висок степен на крвна група А1, но никакви гени на А2 или Рх - негативниот; висока зачестеност на генот на крвната група Н.

Во 60 - те години брилијантниот италијански генетичар Луиџи Лука Кавали - Сфорца го создава “Дрвото” на човечката еволуција, базирано на генетичките докази, собирани многу години наназад. Истражувањето на Кавали - Сфорца ги поткрепува доказите дека расите не се генетички различни, всушност се мешавина со само површински разлики. Подоцна тој ќе напише, дека Европејците имаат како африкански, така и азијски производ и се генетички најмешаната раса на земјата.

Тој го искористил овој факт како целонасочен удар против Артур до Гобино, француски писател од ХIХ. До Гобино би умрел од срам и гнев од ова искажување.Тој верува , дека Европејците се најчиста раса , интелектуално најнадарени, кои најмалку биле подложени на расно мешање.

Франк Ливингстон, еден од најважните палеосеролози на крвните групи, ја отфрлува идејата за расите. А.Е.Мурант, лекар и антрополог кој објавува два клучни труда “Крвни групи и болести” и “Крвни врски: крвни групи и антропологијата”. Инфекциите се безсомнение одговорни за големиот дел од природниот избор на праисториското население. Тоа може да се објасни со феноменот borror autotoxicus - каде што телото произведува антитела против сопствените антигени. Мурант за првпат ја искажува хипотезата, дека висок процент на крната група А во областите со историски висок зачестеност на чума (Турција, Грција, Италија) говори за селективните недостатоци на крвната група 0, кое што е потврдено преку имунохемиски анализи на оваа крвна група.

Силен доказ во корист на теоријата, дека крвната група имала огромно значење за опстанокот на раното човештво, е факт, дека буквално секое инфекциско заболување, покажало дејство врз демографијата на населението (маларија, колера, инфлуенца и туберкулоза). Некои крвни групи подлегнувале на овие заболувања, а други биле имуни.

коментари

оставете коментар