Хемороидална болест

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 713

Хемороиди се зголемени или пролабирани хемороидални крвни садови. Симптомите на хемороидална болест се многу чести и се смируваат спонтано, но имаат тенденција за повторно јавување.

Хемороиди се зголемени или пролабирани хемороидални крвни садови. Симптомите на хемороидална болест се многу чести и се смируваат спонтано, но имаат тенденција за повторно јавување. Важно е да се зема детална анамнеза и да се биде сигурен дека симптомите се должат на хемороидална болест. Хируршка интервенција е индицирана само кај пациенти со хемороиди од 4 степен.

Симптоми

  • Ректално крварење (видливо на тоалетна хартија,капење крв по дефекација)
  • Јадеж во аналната зона, отежната лична хигиена , непријатност во аналната регија.
  • Болката е најчесто знак на тромбозирани хемороиди, анална фисура или перианален хематом.

Дијагноза

  • Надворешен анален преглед (фисури, кожни промени,пролапс)
  • Ректоскопија / проктоскопоја
  • Колоноскопија кај пациенти над 50-годишна возраст за да се исклучат полипи и карцином

Степени на хемороидална болест

  • Градус 1: Конгестирани хемороиди
  • Градус 2: Протрузија од анален отвор со спонтано враќање во аналниот канал
  • Градус 3: Протрузија низ аналниот канал со мануелно репонирање
  • Градус 4: Остануваат протрудирани низ аналниот отвор не се репонираат ниту спонтано ниту мануелно)

Терапија

  • Морате да внесувате храна богата на растителни влакна
  • Асимптоматски не се лекуваат
  • Лесни симптоми: локален третман
  • Хигиена
  • Локални креми
  • Лекување на опстипација
  • Крвавечки хемороиди
  • Лигатура, склеротерапија
  • Пролабирани
  • Хируршко лекување

коментари

оставете коментар