Хеликобактер пилори

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 784

Епидемиологија

  • Кај најголем број индивидуи инфекцијата е асимптоматска кај 10-20% резултира со тек на време во развој на желудечен или дуоденален улкус и го зголемува ризикот од желудечен канцер.

Дијагноза

  • Кај нелекувани пациенти се препорачуваат следните тестови пред гастроскопија: одредување IgG класа антитела или 13С уреа издивен тест и одредувањето на фекалниот антиген е опција.

  • Третман на Helicobacter pylori

    • Дуоденален или желудечен улкус кај пациент со Helicobacter pylori секогас е индикација за ерадикација на бактеријата.

    • Ерадикација на Helicobacter pylori може да се направи и без гастроскопија кај Helicobacter позитивен пациент со диспепсија кои се под 50 годишна возраст и немаат изразени симптоми.

    • При гастроскопија треба да се направи брз уреаза тест за Helicobacter pylori. Ако тестот е позитивен, може веднаш да се почне со ерадикациски третман.

    • Добро ви е позната тројната терапија Helicobacter pylori:

    Антибиотици: aмоксицилин, кларитромицин, метронидазол и инхибитори на протонска пумпа (есомепрзол, ланзопрозол и пантопразол).

    • Метронидазолот не е вклучен во прва линија на препорака, бидејќи резистентноста на H.pylori метронидазол е честа. Кларитромицинот се препорачува како лек од прва линија ако резистенцијата на метронидазолот е над 30%. Резистентност на амоксицилин не е откриена.

    • Повторен третман мора да се базира врз доказ на перзистентна инфекција, не само на симптомите или на серологијата која останува позитивна долго време по ерадикацијата.

    • Консултирајте гастроентеролог ако ерадикацијата не биде успешна и со втора линија третмант.

    • Ерадикацијата е успешна кај 85-90% возрасни пациенти и кај 75% од децата ако се даде тројна терапија.

    • Многу е важно да се мотивира пациентот да ја комплетира терапијата и покрај благите несакани дејства: алергиски реакции(најчесто на амоксицилин), стомачни тегоби или пролив и метален вкус (метронодазол).

    • Helicobacter pylori развива резистентност на метронидазол и кларитромицин, но не и на

    амоксицилин.

    • Успешност на ерадикацијата може да се верифицира кај дуоденална улкусна болест со уреа издивен тест или најдобро е фекален тест еден месец по завршувањето на третманот.

    • Заздравувањето на желудечен улкус мора секогаш да се потврди ендоскопски, бидејќи може да станува збор за улцерирачки карцином. При ендоскопија треба да се земат биопсии за верификација на успешноста на ерадикацијата.

    ПРЕПОРАЧАН ЕРАДИКАЦИСКИ ТРЕТМАН ЗА HELICOBACTER PYLORI

    Кларитромоцин 500мг. 2*1 таб. 7 дена, Амоксицилин 1000мг. 2*1 таб. 7 дена и

    Пантопразол 20-40мг. или Есомепразол 20-40мг. една таблета дневно пред јадење од 4 до 8 недели. 

коментари

оставете коментар