Иднина на крвните групи

објавено од: Маријан Бандев во: еден век наука за крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 530

Една воодоошевувачка нова технологија, наречена нанотехнологија е на пат да покаже огромно дејствие врз начинот, по кој ќе се практикува медицината во блиска иднина.

Една воодоошевувачка нова технологија, наречена нанотехнологија е на пат да покаже огромно дејствие врз начинот, по кој ќе се практикува медицината во блиска иднина. Нанотехнологијата представува процес на создавање микроскопски машини, кои ќе влегуваат во нашите тела, за да исполнуваат определени задачи. Тие ќе земат учество во досега недостигнатите организми длабоко во нашиот организм - дури до најтесните вени и до најминијатурните клетки. Нано (Што означува “исклучително мало”) технологијата ќе го контролира производството на индивидуалните атоми.

Овие биомолекули ќе се нарекуваат наноботи - роботи со микроскопски размери. Во моментот научниците работат на начинот на изработување на уреди и материјали со размер една милијарда од метар. На крај ќе бидат во состојба да создадат живи структури, биолошки машини, непоголеми од молекулата како ДНК.

Овие нанобити ќе бидат програмирани да распознаваат определени АБ0 антигени како мерило за идентичност, така што ќе може моментално да се забележат мутациите, кои предизвикуваат болести.

Роберт А. Фрејтс се смета за татко на наномедицината и тој пројавува голем интерес за користењето на крвните групи како фактор за определување на индивидуалноста во новата област. Фрејтс како што пишува во својата книга “наномедицина” : “Нанороботот кој бара определена група од приближно 30 антигени на крвната група ке има потреба од околу три илјади стотинки од секундата, за да го направи разграничувањето на свое / не-свое за дадена еритроцитна мембрана. Нанороботот, кој пробува да ја установи точната крвна група на мембраната и во неопходност во најлош случај да ги провери сите 254 познати антигени на крвните групи, ке му требаат најмногу до две секунди за оваа цел”. Можеби, во блиска иднина биолошкиот микроробот ќе може да го поправи оштетениот генетички материјал или да ги уништи “вредните” микроби, распознавајќи ги антигените на крвната група, за да ја исполни задачата.

коментари

оставете коментар