Длабока венска тромбоза (ДВТ)

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 920

Длабока венска тромбоза (ДВТ)

Цели

  • Да се превенираат белодробна тромбоемболија и посттромботичниот синдром

  • Тестот на Д-димери во плазма може да користи во примарна здравствена заштита како тест од прва линија за да се отстрани длабока венска тромбоза. Ако концентрацијата на Д-димери е зголемена, пациентот треба да се упати на испитување со дијагностички техники на визуализација.

  • Суспектна длабока венска тромбоза се докажува со флебофрафија или со ултразвук со компресија.

  • Да се превенира длабика венска тромбоза кај имобилизирани пациенти: вежби на потколеничните мускули, компресивни чорапи и, ако е потребно, профилакса со нискомолекуларен хепарин.

  • Кога дијагнозата е поставена, ДВТ може да се третира дома или во општа болница.

Дисталната потколенична длабока тромбоза не предизвикува емболуси, а само 25% од тромбите стигнуваат до феморално ниво.

Фактори на ризик за длабока венска тромбоза

  • Имобилизација како резултат на акутна болест, особено ако циркулацијата е нарушена ( срцева слабост, парализа, хирургија, инфекција или долг пат со авион)

  • Траума на долните екстремитети

  • Дебелина

  • Полицитемија, есенциајална тромбоцитоза.

  • Употреба на орални контрацептиви, хормонска супституциска терапија, особено кај пушачи.

  • Претходна длабока венска тромбоза.

  • Бременост и период по раѓање, операција со цезареа, период на мајчинство.

  • Централни венски катетери, јачесто лоцирани во горниот екстремитет.

Симптоми

  • Едем на цела нога или потколеници.

  • Напнатост и болка во мир.

  • Болка во потколеницата при движење

  • Често кај сосема асимптоматски, особено кај пациенти врзани во кревет каде првите симптоми може да биде БТЕ. Кај пациенти со фрактура на колкот, тромбозата често се појавува во феморалните и илијачните вени.

  • Покачена локална температура на кожата, споредно со другата нога, како и нагласени површни колатерални вени.

Перпораки за развој на сомнеж за постоење на длабока венска тромбоза

  • Парализа или неодамнешна имобилизација на долните екстремитети

  • Врзаност за кревет најмалку 3 дена.

  • Голема операција во период од еден месец.

  • Повеќе од 3 см разлика во обем на потколениците

  • Цврста семејна предиспозиција (најмалку 2 роднини од прва линија со историја на длабока венска тромбоза).

  • Локална осетливост и напнатост во потколеницата, околу длабокиот венски трункус често е индикација за почеток на лекување, но кога е присутен сам овој знак, има и лоша прогностичка вредност за далбока венска тромбоза.

Тестот на Д-димери во плазмата се користи за исклучување на ДВТ (тестот е многу сензитивен). Позитивниот резултат несекогаш иницира тромбоза.

  • Ако тестот на Д-димери е негативен, кај пациент со мал ризик(0 поени на ризик), не се потребни понатмошни испитувања.

  • Ако првиот ултразвучен наод и плазма-Д-димерите се нормални кај пациенти со висок ризик, неопходно е повторно испитување со ултразвук.

  • Концентрацијата на Д-димери може да се покачи за време на нормална бременост.

Ултразвук со компресија се користи и како испитување во рана фаза. Тој е сензитивен 90%, особено при проксимална тромбоза, но е со помала сензитивност 50% при дистална тромбоза.

  • Патолошкиот наод добиен со ултразвук е индикација за лекување. Нормалниот резултат кај пациенти со мал ризик (0 поени ризик) исклучува венска тромбоза. Нормален резултат со позитивен Д-димери тест кај пациенти со среден ризик (1-2 поени на ризик) бара повторување на ултрасонографија за 7 дена, а кај пациенти со висок ризик ( 3 или повеќе поени) флебографијата треба да се направи веднаш.

Лекување

  • Компресивни чорапи

  • Дистална или проксимална тромбоза може да биде третирана во општа болница или во домашни услови. Врз база на индивидуалната ситуација, лекарот ќе одлучи кога треба да се прекини лекувањето.

  • Ако лекувањето се извршува дома, треба да се биде сигурен дека:

1.техниката на инјектиране и дозите на лекот се соодветни.

2.следенјето на антикоагулантната терапија е соодветно.

3.пациентот има инструкции за компресивните чорапи или завој.

4.пациентот е мониториран за можните компликации( крварење,емболија).

коментари

оставете коментар