Бенингна хиперплазија на простата

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 655

Симптоми на проблем со складирање на урината

Симптоми на проблем со складирање на урината

  • Невообичаена фрекфентност на мокрење

  • Ноктурија ( ноќно мокрење)

  • Ургентност за мокрење

  • Инконтинентност при нагон за мокрење

Симптоми на проблеми со мокрење

  • Тешкотии при почеток на мокрењето

  • Слаб проток на урина

  • Потреба од напор при мокрење

  • Прекинато мокрење

  • Чувство на неадекватно празнење на мочниот меур

  • Задршка на урината

Примарни испитувања

  • Запишување на деталите поврзани со мокрењето

  • Дигитален ректален преглед

  • Анализа на урината

  • Серумски креатинин

  • Серумски простата-специфичен антиген(ПСА)

  • Резидуалниот волумен на урината се одредува со ултрасонографија(или ако не може да се направи ултрасонографија, со катетеризација). Ултрасонографијата е корисна при одредување на големината на простата.

  • ИНДИКАЦИИ ЗА КОНСУЛТАЦИЈА СО СПЕЦИЈАЛИСТ

    • Пациентот е под 50-годишна возраст

    • Суспектен дигитален пектален преглед (присуство на јазли-нодуси)

    • Серумскиот ПСА е над 10 mg/l (над 3mg/l кај пациенти под 65 години)

    Ако вкупната концентрација на ПСА е во опсег 3-10 mg/l, се препорачува мерење на вкупниот сооднос на слободен/вкупен ПСА. Ако оваа вредност е под 0.15, веројатноста за постоење на карцином на простатата е поголема, и треба да се консултира уролог.

    • Симптоми кои бргу се развиваат

    • Хематурија (присуство на крв во урината)

    • Лица со дијабетис кои можеби имаат невропатија

    • Невролошко заболување кое влијае на функцијата на мочниот меур

    • Болка во долен абдомен како главен симптом

    • Испитувањата кои треба да ги направи специјалистот вообичаено вклучуваат:

    Мерење на уринарниот проток

    Трансректална ултрасонографија

    • Цистометрија и испитување на кривата притисок-проток се препорачува да се направи пред да се донесе одлука за хируршки зафат ако максималниот проток е > 10ml/s и кога постои дискрепанца меѓу симптомите и физикалниот наод или ако пациентот имал хируршки зафат на долниот уринарен тракт.

    • Биопсија на простата

    • Урографија

    • Уретроцистографија

    • Цистоскопија

    Хируршки зафат е индициран во следните случаи:

    • Задршка на урина, инконтиненција или повеќе од 300 мл резидуална урина на повеќе прегледи

    • Дилатација на горниот уринарен тракт

    • Нарушување на бубрежната функција

    • Рекурентна макроскопска хематурија

    • Инфекции на уринарен тракт

    • Калкулоза на мочен меур

    Медикаментозно лекување

    Алфа – блокатори

    Алфа 1-бликаторите(тамсолазин, теразосин, празосин...) ги намалуваат симптомите, го зголемуваат врвниот проток и го намалуваат волуменот на резидуалната урина значително повеќе од плацебото.

    Пациентот треба да се следи во почетокот на интервали од 1 до 3 месеци.

    Нусефектите вклучуваат вртоглавица, постурална хипотензија и ретроградна ејакулација.

    Инхибатори на 5 алфа-редуктазата

    Дозата финастеридот е 5мг дневно, а на дутастеридот е 0,5 мг дневно. Симптомите се ублажуваат, протокот на урината се зголемува, а опструкцијата се намалува. Ефектот е најдобар кај пациенти со голема простата. Ефектот започнува бавно понекогаш по 6 месеци од почетокот на лекувањето. Лекот ја намалува големината на простатата, но таа се враќа во почетната големина по неколку месеци од прекинот на лекувањето. Може да настани импотенција како несакан ефект.

коментари

оставете коментар