антропологија на крвните групи

објавено од: Маријан Бандев во: литература на: кометнар: 0 преглед: 631

Нашите први предци се појавиле во субсахарна Африка некаде околу 170000 - 50000 години п.н.е. Тие се хранеле со доста груба и разнообразна храна...

Нашите први предци се појавиле во субсахарна Африка некаде околу 170000 - 50000 години п.н.е. Тие се хранеле со доста груба и разнообразна храна, која се состоела од растенија, црви, инсекти и остатоци од храната на другите животни. Но сепак тие луѓе го поседувале најважното и до денеска предаторско оружје-човечкиот мозок.

Истражувачите тврдат, дека многу теории за човечкиот опстанок посочуваат на преминување кон исхрана богата со месо, за да го објаснат непрекинатото зголемување на големината на мозокот кај првите луѓе.

Врската на луѓето со природната средина се промени драматично со појавата на кромањонците, околу 40000 години п.н.е наречени според област во Франција каде што нивните фосили се за прв пат идентификувани. Кромањонците се првите луѓе кои почнале да комуницираат да изработуваат инструменти а исто така биле и добри ловци.

Во времето на кронањонците ловот и консумирањето воглавно месна храна се претвора во начин на живот. За време на тој месојаден период, метаболизмот на крвната група 0 достигнува високо ефективно производство на желудечна киселина и пепсин.

Околу 50000 години п.н.е повеќето големи животински стада во Африка, веќе исчезнале. Недостигот на основниот извор на храна води до масовна миграција кон потрага на нови и богати ловни региони.

Во тој период гладот зазема голем замав.

Младите, старите и слабите умираат од болести и глад. Групите на ловци почнуваат да војуваат помеѓу себе.

Древните луѓе се принудени да ја напуштат Африка поради големо намалување на дивечот, климатските промени и зголемувањето на населението. Тие миграции го распространуваат населението со крвна група 0 која и ден денес е најчесто среќавана крвна група.

Кон 30000 години п.н.е. групи кромањонци мигрираат кон исток и север во потрега на нови ловни области.

Кон 20000 години п.н.е. миграцијата кон Европа и Азија е толку многу значајна, така што стадата на животни започнуваат да исчезнуваат од тие области.

Кон 10000 години п.н.е. човечките ловни групи ја населуваат цела земјина површина освен Антарктикот. Ловните групи успеваат да достигнат до Австралија пред 40000 до 30000 години. Околу 50000 - 15000 години покасно други групи успеваат да го преминат Беринговиот проток од кај Азија и да ја достинат Америка. Ловните методи на кромањонците стануваат се поефикасни, а тоа се гледа од големиот број животински коски натрупани во некои од наскоро откриените археолошки објекти во Франција каде биле откриени остатоците на 10000 коњи.

Во Долно Вестонице во Чешка се најдени голем број на коски на мамути.

Распространетоста на кромањонските ловни групи по целата земја е период на голем успех за човештвото.

После палеолитот (старо камено време) околу 30000 години п.н.е започнува периодот на неолитот (новото камено време). Земјоделието и припитомувањето на животни се основни белези на неговата култура. Британскиот историчар В. Гордон Чајлд го воведува терминот ‘’неолитна револуција’’, за да ја опише промената од лов и собирање на храна до нејзино производство и ја смета за најголем напредок во човечката историја после откривањето на огнот.

Тој нов начин на живот и огромната промена во исхраната водат до нова мутација на гастро - интестиналниот тракт и имуниот систем на древниоте луѓе. Многу од нив стануваат носители на крвната група А. Таа крвна група им дозволува на луѓето да ја поднесат и преработат подобро зрнестата храна и другите земјоделски продукти. За прв пат крвната група А се појавува во значајни размери кај древните Кавказци помеѓу 25000 И 15000 години п.н.е некаде во западна Азија или Среден Исток. Генот за крвната група А се пренесува во Западна Европа и Азија и тогаш се јавува еден нивен клон наречен индо - европејци, каде што тој изникнува помеѓу донеолитските популации со крвна група 0.

Индо - европејците се појавуваат во јужниот дел на централна Русија и помеѓу 3500 до 2000 година п.н.е се распростануваат на југ кон југозападна Азија, особено Иран и Авганистан. Нивната миграција не само што го пренесува генот на крвната група А меѓу донеолитните номади, туку исто така важи и како важен катализатор за побрзото примање на изумите на неолитот, како на пример земјоделието.

Револуцијата на неолитот е првата револуција во исхраната, која доставува нови видови на храна и нов начин на живот на попростите имуни системи и гастро - интестинални трактови на древните номади и создава неопходни услови за изникнувањето на нова крвна група А.

Одгледувањето на пченица и јачмен заедно со припитомувањето на животни како овци, кози, свињи и кокошки започнува меѓу 9000 И 5000 години п.н.е во југоисточна Азија.

Новите земјоделси стопанства бавно се рапространуваат од југоисточна Европа кон север и запад.

Зрнестите посади и големиот добиток започнуваат да се одгледуваат во западна Франција околу 4000 години п.н.е, а кон средината на четвртото илјадолетие почнуваат да се одгледуваат во јужниот дел на Скандинавскиот полуостров, Британските острови и северно Европските рамнини.

Најголема концентрација на крвната група А наоѓаме меѓу западноевропејците. За разлика од крвните групи Б и 0, крвната група А има подгрупи. Најголемата од нив А1 опфаќа околу 90% од сите индивидуи со крвна група А. Подгрупата А2 ја наоѓаме кај северокавказците, Исланд и Скандинавските полуострови.

Процентот на крвната група А се намалува со приближувањето кон исток.

Низ цела Европа процентот на крвната група А е 25%, осебно по целото средноземноморие (Корзика, Сердинија, Шпанија, Турција и Балканот).

Генот на хрвната група Б за прв пат се појавува окулу 10000 до 15000 години п.н.е, во областа на Хималаите во Пакистан и Индија. Исто како и крваната група А, развивањето на крвната група Б е реакција на промените во природната средина. Кога кромањонците мигрираат од источна Африка кон постудените, посуви планонски области на субконтитнентот и неплодородните бескрајни рамнини на централноазиските степи, можно е крвната група Б да била единствената крвна група способна да преживее во такви сурови услови. Науката ја подржува теоријата: на пример, промената на хормоните тестостерон, естрадиол и соматотропниот хормон кај планинските луѓе во Памир и Киргизија се проучени по однос на нивното место на живеење од гледна точка на надморската височина. На поголема надморска височина крвната група 0 има пониски концентрации на естрадиол и тестостерон, додека крвната група Б има највисоки концентрации, следствено на кое индивидуите со крвна група Б се поспособни да го предадат својот ген.

За време на глад крвната група Б била единствената крвна група чиј имунитет бил способен да ја издржи исхраната опишана од еден римски историчар како “скиснато млеко и магарешка крв’’. Освен способноста да преживуват во епидемии, жените со крвна група Б може се поплодни од жените со крвна група А и 0 и нивната прва менструација настапува порано.

Бариерата која се простира од Урал во Русија до Кавказ во Азија и кон Пиринеите во јужна Франција, ги разделила крвните групи на две основни маршути: северен и јужен поток. Оние кои тргнале на југ, постануваат предци на средоземноморските народи и западноевропејците, со себе го носат генот на крвната група А. Урал е пречка за силна миграција на запад од Азија, така што мал број на Кавказци навлегуваат во источна Европа донесувајќи го со себе генот на крвна група Б, кој го добиваат со мешање со азијските Монголци. Таа бариера служи за разделувањето на крвните групи на западна група - А и на источна крвна група Б.

Носителете на крвната група Б, Монголците, продолжиле да се движат на север кон денешен Сибир. Монголците навлегуваат во поголемиот дел од источна Европа и достигнуваат дури до вратите на Виена, Австрија.

Со сигурност Монголците се одговорни за пренесувањето на генот на крвната група Б во источна Европа.

Едно неодамнешно истражување, во кое е употребена сложна технологија на верижната реакција на полимеразата (ПЦР) ја определи крвната група на остатоците на девет човечки мумии, откриени во пустината Такламакан во 1912година. Од девет, осум мумии биле со крвна група Б.

По се изгледа во Средниот Исток племињата на семитските номади со крвна група Б се смешале со веќе постоечката неолитна култура. Тие биле наречени хиксоси, што означува владетел на туѓи земји.

Персиијците исто така донеле голем број гени за крвната група Б меѓу гените на египетската виша класа. Неодамна крвната група на една египетска мумија од III век п.н.е “Изет Ири Хетет’’ беше определена како Б. Антрополозите одамна пројавуваат интерес за карактеристиките на крвната група на различни еврејски општества. Двете главни еврејски секти, Шкеназите и Сефардините, имаат високи нивоа на крвната група Б и се чини дека имаат малку разлики. Вавилонските Евреи од времето пред дијаспората значително се разликуваат од арапското население во Ирак, кои се претежно со крвната група 0 (местото на библискиот Вавилон). Оваа група Евреи главно ја има крвната група Б, со извесна зачестеност на крвната група А.

За современите антрополози крвната група Б продолжува да биде “источна’’ крвна група. Таа е доста распространета меѓу азијците, како на пример, Кинезите, Индијците и жителите на Сибир.

Во Европа крвната група Б се среќава почесто кај Унгарците, Русите, Пољаците и другите источноевропски народи.

Од сите крвни групи, крвната група Б покажува највпечатлива географска распространетост. Крвната група Б е позастапена во Јапонија, Монголија, Кина и Индија, па се до Урал.

Малиот број индивидуи со крвна група Б кај западноевропските народи, е резултат на миграцијата на запад на азиските номадски племиња. Тоа се гледа најјасно кај најисточните западноевропејци, Германците и Австријците, кои имаат највисок процент на крвната група Б во споредба со нивните западни соседи.

Најголемата зачестеност на крвната група Б кај Германците ја откриваме во областа околу горното и средното течение на реката Елба, важна природна граница меѓу “цивилизацијата’’ и “варварскиот свет’’ низ древните времиња и во средновековието.

Денеска околу 10% од населението во целиот свет е со крвна група Б.

Помалку од 5% од населениоето на земјата е со крвна група АБ. Со сигурност тоа е најновата крвна група. Крвната група АБ е резултат од мешањето на Кавказци со крвната група А и Монголци со крвната група Б кое се изразило со “Големата преселба на народите’’ во крајот на древност.

Во Европа распространувањето на таа крвна група е слично со распространувањето на клрвната група Б со низок процент кај западноевропејците. По се изгледа, крвната група АБ, се појавила некаде околу 900 - та до 1000 - та година, кога источните народи мигрираат кон запад.

Крвната група АБ е открена во европските гробови од пред 900 години во н.е. Иследувањата на праисториските ексхумации во Унгарија покажуваат недосиг на оваа крвна грпа во Лангобардскот период (5 до 6 век од н.е).

Крвната група АБ, може да биде чисто човечко откритие. Оваа крвна група ја изразува идејата за толерантност до висок степен, која ги прима својствата на крвната група А или крвната група Б и не произведува антитела. Пред 40 - година на 20 - от век е забележано дека крвната група АБ има повосок степен на заболување од рак во споредба со останатите крвни групи. Позитивно е тоа што толерантноста на крвната група АБ ја минимализира веројатноста од алергични заболувања и други автоимуни болести како артрит воспаление.

Денес во Соединетите Американски Држави најраспространетата крвна гурпа е О, потоа доаѓа А, Б и накрај АБ. Распространетоста во Велика Британија е многу слична на таа од САД. Во Германија има малку повеќе индивидуи со крвна група А, отколку со крвна група 0, процентот на тие со крвна група Б и АБ е скоро исти како тој во САД. Во Јапонија и Кина крвните групи А, 0 и Б се распространети скоро рамномерно и процентот на АБ е повисок од тој во европските популации.

Крвна Група А

antropologija_na_krvnite_grupi1.gif

Крвна Група Б

antropologija_na_krvnite_grupi2.gif

Крвна Група 0

antropologija_na_krvnite_grupi3.gif

коментари

оставете коментар