Антигени и антитела

објавено од: Маријан Бандев во: биолошки функции на крвните групи на: кометнар: 0 преглед: 1310

Крвните групи од системот АБ0 се важем клуч за имунитетот, кој го контролира дејството на вирусите, бактериите, инфекциите, хемикалиите, стресот и другите натрапници, способни да предизвикааат болест и да го ослабнат имунитетот.

Крвните групи од системот АБ0 се важем клуч за имунитетот, кој го контролира дејството на вирусите, бактериите, инфекциите, хемикалиите, стресот и другите натрапници, способни да предизвикааат болест и да го ослабнат имунитетот.

Антигените се хемиски маркери, општо земено протеини. Секое соединение може да биде антиген. Единственото барање да е доста специфично, за да му даде на имуниот систем можност да процени “свое” или “несвое”. Кога имуниот систем го проценува непознатиот антиген и го препознава како дел од телото, тој го прифаќа како безопасен и дружељубив. Ако не е дел од телото, тој е натрапник и си го добива заслуженото. Секоја крвна група има различен антиген со своја сопствена хемиска структура и крвните групи се наречени по своите антигени. Крвна група А има А антиген, врз црвените крвни зрнца. Крвна група Б има Б антиген, крвната група АБ има А и Б антигени, крвната група 0 нема “вистински” антигени, а има Х - антиген. Тоа не е вистински антиген на крвната група, затоа што присуствува и во другите крвни групи. Можеме да си ја претставиме хемиската стуктура на крвните групи како вид антигени, кои стрчат од површината на клетките кон внатрешното пространство. Овие антени се направени од долги вериги од шеќери кои се повторуваат и завршуваат со фукоза, која само по себе го образува најпростиот од антигените на крвните групи - 0 или Х. Фукозата на крвната група 0 служи како платформа за антигените на останатите крвни групи.

На пример, ако сте со крвна група А, вие сте генетски способни да произведувате ензим, кој може да го преобрази Х - антигенот во А - антиген.

Ако сте со крвна група Б, вие сте генетски програмирани да го промените Х - антигенот во Б - антиген. Луѓето со крвна група АБ ги произведуваат и двата ензими, додека луѓето со крвна група 0 неможат да го преобразат својот Х - антиген во ништо.

Крвната група А е составена од фукоза + еден шеќер, наречен Н - ацетил -галактозамин, додадена во крајот на веригата. Крвната група Б се состои од фукоза и шеќерот наречен Д - галактозамин, додека крвната група АБ е составена од фукоза и шеќерите содржани во крвните групи А и Б :

Н – ацетил - галактозамин и Д - галактозамин.

Кога имуниот систем забележува, дека во организмот навлегуваат туѓи антигени, тој пробува да создаде антигени против тие антитела. Антителата се специјализирани хемикалии, кои се произведуваат од клетките на имуниот систем и се предодредени да ги нападнат и уништат туѓите антигени.

Клетките на имуниот систем произведуваат безброј различни антитела и секој од нив е создаден специјално да идентификува и да се прикачи кон уникатната форма на конкретниот антиген.

Меѓу имуниот систем и натрапниците се води постојана битка.

antigeni_i_antitela.png

Определени крвни групи произведуваат антитела против антигените од други крвни групи, затоа може да примаме крв од некои крвни групи, но не и од други. Овие антитела против другите крвни групи се едни од најмоќните антитела во имуниот систем. Затоа тие можат да се прилепат кон множество антигени со повеќе од една клетка. Ова води до љубопитниот феномен, наречен аглутинација ( слепување) кој на антителата им го дава уникатното име - хемаглутинини.

Кога хемаглутининот се судира со антигенот на микробниот натрапник, следува аглутинација, затоа што множеството на места на сврзување на хемаглутининот може да се сврзат со антигените на повеќе од една клетка или микроб, предизвикувајќи блокирачки ефект. За време на аглутинацијата на клетки, вируси, паразити и бактерии, тие се прилепуваат и се разделуваат што го олеснува нивното исфрлување. Прочистувајќи го организмот од непотребните клетки, вируси, паразити и бактерии, антителата ги сврзуваат сите нив заедно. За жал, кога сето ова е во големи количини, како на пример кај трансфузија на крв со несоодветни крвни групи , огромниот број слепени клетки може да ги запуши малите артерии или да го оштети филтрирачкиот механизам на бубрезите; затоа процесот на неадекватната трансфузија е смртоносна.

antigeni_i_antitela.jpg

Соодносот меѓу антителата на крвните групи во многу односи е спротивно на АБ0 антигените. Крвната група 0, која не претставува вистински антиген, произведува антитела меѓу сите останати крвни групи. Познато е дека крвна група 0 произведува ант и - А и анти - Б антитела, а не може да прима крв од донор со А или Б антиген. Крвната група 0 може да прима крв само од друга индивидуа со крвна група 0. Крвната група А произведува анти - Б антитела и неможе да добие крв од индивидуи со крвна група Б или АБ. Крвната група Б произведува анти - А антитела и неможе да добива крв од индивидуи со крвна група А или АБ. Крвната група АБ не произведува антитела и ја прави ” универзален акцептор ”, додека индивидуите со крвна група 0, која не произведува антигени е “универзален донор”.

коментари

оставете коментар