Алергиски ринитис

објавено од: Маријан Бандев во: болести и терапија на: кометнар: 0 преглед: 550

алергиски ринитис

ЦЕЛ

  • Идентификација на атописки алергиски ринитис

  • Идентификација и третман на други причини за ринитис освен алергија и агравирасчки фактори (полипи, деформација на септумот, аденоиди кај деца и друго).

  • Препораки за пациентот со алергиски ринитис како да го минимизираат изложувањето на алергени.

  • Идентификација на неспицифичните надразнувачи во амбиенталниот воздух (пушење, прашина, чад) во животната околина на пациентот.

  • Избирање и имплементација на третманот (лекови,имунотерапија).

    ИСПИТУВАЊА

    • Грижливо земена анамнеза на болеста. Рендгенографија на синуси, особено ако симптомите траат долго (месеци, години).

    • Ринископија со локална деконгестија на назалната слузница.

    • Ако е можно одредување на бројот на еозинофили во назалниот секрет (особено ако симптомите се целогодишни).

    ПОНАТАМОШНИ ИСПИТУВАЊА

    • Неопходно е упатување на специјалист за алергологија во следните случаи:

    1.суспектен професионален ринитис.

    2.ако се пазмислува за почнување на имунотерапија.

    3.ако пациентот има ринитис резистентен на терапија

    ТЕРАПИЈА СО ЛЕКОВИ

    Сезонски ринитис

    • Се додека концентрацијата на полен во воздухот е ниска може да биде доволна само употреба на антихистаминици.

    • Локалните стероиди се најефикасни во намалувањето на назалните симптоми кога теретманот почнува пред поленската сезона и продолжува додека таа трае. Локалните стероиди се препорачуваат да се користат при средно тешки и тешки интермитентни и при слабо перзистетни симптоми.

    • Третман со кромони исто така почнува пред поленска сезона и појавата на симптоми. Освен назален спреј, достапни се и капки за очи. Третманот продолжува и во текот на поленската сезона.

    • Како ветувачки се наведуваат искуствата со антилеукотриени во тетманот на алергиски ринитис.


    Целогодишен ринитис

    • Локалните стероиди можат да се користат или интермитентно или континуирано. Почетната доза општо земено е 2 прскања дневно во двете ноздри. Дозата на одржување обично е помала, едно прскање секој ен или секој втор ден во двете ноздри.

    • Антихистамините можат да се користат ако се при кивање или носни тешкотии и заедно со симпатикомиметиците за олеснување на лесно затнување на носот.

    • Кромоните можат да се користат превентивно за ублажување на симптомите.

коментари

оставете коментар