Јаглехидрати

објавено од: Маријан Бандев во: диететика на: кометнар: 0 преглед: 627

До сега сигурно имате слушнато дека тоа што е горивото за вашата кола тоа се и јаглехидратите за вашето тело. За време на варењето на јаглехидратите се разградуваат до шеќер, за да ги снабди мускулите и мозокот.

ликозата кога достигнува до клетките може лесно да се метаболизира, за да достави енергија.

Другата можност е да се претвори во црнодробен или мускулен гликоген и да биде зачуван за подоцнежна употреба. Кога ги оптоварувате мускулите на каков и да е начин, организмот прво го користи гликогенот, за да добие енергија. Ако претерате со јаглехидратите тоа значи дека јадете повеќе отколку што можете да истрошите или да ги зачувате како гликоген - вишокот од нив се складира како телесни масти.

Јаглехидратите се класифицираат на брзи и бавни во зависност од тоа со каква брзина ги разградува организмот и ги трансформира во шеќери.

Организмот ги разградува брзите јаглехидрати (често наречени прости јаглехидрати) многу брзо, претварајќи ги во шеќер. Во оваа категорија спаѓаат: шеќерот, медот, сите слатки кои се поготвени со шеќер, овошни сокови и газирани пијалоци, леб, макарони и други.

Оваа храна силно ја стимулира секрецијата на инсулинот во телото. Во нормални нивоа инсулинот е хормон неопходен за животот со многу важни функции за организмот, но кога нивото на инсулин нагло се покачува со прекумерна консумација на брзи јаглехидрати, тој активира ензими, кои ги претвараат мастите во масни клетки, кои се наоѓаат во крвта. Инсулинот важи за хормон кој помага во образувањето на масни ткива и ги катализира хемиските реакции, кои можат да го забават организмот толку драстично и со тоа ќе попречи на горењето на натрупаните масти. Дури само со една порција брзи јаглехидрати нивото на инсулинот може да скокне и да го попречи процесот на трошење на масти. 

Бавните јаглехидрати (сложени јаглехидрати) организмот ги трансформира многу побавно во шеќер. Тука спаѓаат слаткиот компир, обичниот компир (иако тој спаѓа во брзите јаглехидрати, тој е природен извор на калиум, кој помага во регулирањето на водниот баланс во организмот, заситува и е извор на енергија при физички вежби), гравот, кафеавиот и долгозрнестиот ориз, компирот и други. Овие јаглехидрати се разградуваат многу побавно и не го провоцираат покачувањето на инсулин, а со тоа не го забавува метаболизмот. За да се забави трансформацијата на јаглехидрати во шеќери, тие треба да се комбинираат со друг вид храна - протеини, затоа што така се забавува процесот на варење. Никогаш не треба да ги исклучувате јаглехидратите од исхраната и да ја зголемите консумацијата на протеини, тие може сериозно да ви попречат да ослабнете и да ја постигнете замислената фигура. Кога не му доставувате на организмот јаглехидрати тој е принуден да ги разградува мускулните ткива (протеините ) за да се снабди со енергија, што е многу опасно за организмот. Штом телото го користи сопствениот протеин за енергија, не му останува многу за изградувањето и одржувањето на мускулите. Всушност вие ќе изгубите мускулна маса, а нетелесни масти, ако ги исклучите јаглехидратите од диетата. Важно е да знаете дека мастите горат многу побрзо и ефективно во присуство на јаглехидрати.

коментари

оставете коментар